магионичар м.

магионичар (м.)

Загубата на еден деспотски авторитет се распрши накусо во јалово и комедијашко дебатирање на групи бивши поданици кадешто сите „буџаклиски” идеи се струполија на сцената како месијанско лакрдијашење, како проводаџиство со разни лицитарски „искупувања” на националната душа, како евтино магионичарско залудување на зашеметениот народен инстинкт за опстанок.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Другата работа беше во куќата на една деведесетгодишна старица во инвалидска количка, која се фалеше дека секој од своите последни триесет родендени го славела со нов магионичар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој чекор без стапки низ виртуелен свет на задоволство, ткаеше еротично пријателство, на маѓионичарски подвиг...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)