ловиште ср.

ловиште (ср.)

Играта може и сами да си ја предадеме и натаму да ја водиме, да им дозволиме на сопствените бранови да нѐ однесат кон нови ловишта, кон нови возбуди.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа место, поправо, беше ловиштето на татенцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ловиштето го покриваа со веленце и тивко, за да не ги возбудат врапците, за секого од домаќинството уловуваа по еден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да одморат малку таму и после на раат, со чартер у еден правец, директно накај вечните ловишта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но, во исто време беше свесен дека се наоѓа на сосема нов терен, во непознато ловиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)