куц (прид.)

И пиел, пиел капетанот Џек, на куциот ѓавол му бил рамен.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И само вика: - Приготви садови, вика, шкембево фрли му го на кучено, на куче, на, куц на, вика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тажно рече: - Несреќно мое момче, сега слепо, куцо ќе ми одиш цел век! - па потоа со најголеми навреди ѝ се нафрли на проклетата муза.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И тивко, колку за себе, слушајќи го говорот на Високиот, вели: - И така натаму и така натаму... куцо петле на ист плет пее и на исто буниште чепка...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А од горе дојде еден куц и со викотници и пцости почна да ги растерува од џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Животот се собира и се шири, и пак ќе свири под прстите на оној твој куц Циган со зелени зулуфи. Животот тече.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Куц, куц, одам, ѕин, ѕин, слушам и овој звук уште повеќе ми ја крева лутината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Куц, куц, пак тргнувам и се мислам што да му наречам на Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се поревам меѓу бараките, куц, куц, ја изминувам фурната и амбулантата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со нив дојде трет, куц човек со хармоника (молеше да не го викаат Циган, ни Ѓуптин, ни Манго, тој е Ром).
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Куциот го заборавил својот верник и придружник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- На крстопатот, на излезот од шумата, ќе го дочека куциот самовил, истиот оној волчји цар чие завивање го одбележи неговото раѓање.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во утринското сивило, куциот самовил, со извежбан, молскавичен удар на десницата, ќе му ја пресече главата на момчето- змија. Тревата ќе посини од крвта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги гледав луѓето како минуваат. Беа куци, згрбавени, лошо градени, а пак женските...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше нешто гротескно во судбината на сега веќе куциот човек и на уште неколкумина негови пријатели кои, во една вејава зимска ноќ, во времињата кога земјата беше затворена за патувања и преселби, тргнаа да бегаат преку граница, преку Каба Планина, кон Грција, а оттаму, како што веруваа, во Америка или во некоја друга слободна земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе