крма (ж.)

Го остави подолго време добитокот надвор, убаво ја исчисти кошарата и во чест на јужниот ветер, говедата и овците, покрај зголемената дажба од сено и царевиње, добија и десетина грсти крма.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На козите им ставаме сил во крмата. Тогаш и кравата ми се отели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнавме да ги месиме и триците, крмата, да мешаме сѐ во лебот: и јачмен , и уров, и компири, и граор, и пченка, и тикви, и грав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си црпат на деланчиња, си лижат од дланките. Небаре јагниња да лижат крма.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го изведов Рогуша во дворот за да му дадам крма.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)