крилат (прид.)

Ете, скоро секоја приказна, па била таа за мечката стрвница или за крилатиот змеј, дедо Спасе ќе ја започне вака.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ѓаволи, ѓаволи на ниски коњи крилати. Голи жили пресечени, гнојни струпки нелечени, триста тајни неречени. Гради да скинеш, очи да избиеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
О, крилат коњу, растрепери со твојата црна грива, земи ме, сону, рашири крилја ...во мракот!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ме надлета и мене Како крилато ждребе.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
На него витез во оклоп седи смирен. Се спрема за борба крилата и вишна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Светот ќе го понесам во фенер од светулка, На крилат коњ ќе го пренесам цело време За да застанам пред себеси И да речам: Би небичас А се беше Бреме Бреме Бреме.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)