крем (м.)

Испијте го чајот, каснете што сакате, - ете овој колач со крем, - но потоа јас сакам да го продолжам сликањето!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Колоните полици се сокачиња специјализирани продавници полни со минувачи, а пред една таква турканица, мислам дека беше во „уличката“ со млечни производи, претпоставуваш – онаа со сите оние овошни јогурти, милк-шејкови, путери од кикиритки, мини нес-кафиња со сламка, млечни кремови, ете го Врапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А горе, горе сѐ порив до порив да се бара, да се бере, да се бира да се стигне негде, макар без цел а горе, горе самородна арома со горчлива слуз заситувачки и насладувачки марципан бадемов прав и крем служен во мали дози, налик на отров а горе - друг свет, поинаков, питомо див понекогаш видлив, понекогаш не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ние таму во Епир бевме епирската аристократија, првите луѓе во Лариса и Атина. Влавот, бре, беше и е кремот на Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Власите беа и се кремот на Грција. Таму во Пинд, во влашките села, нашите куќи беа палати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го лапна тоа со кремот, па го грабна другото. Јас се накашлувам. И молчам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И вчасот со комотен чекор ѝ се приближува на чинијата, го зграпчува она со крем, па го лапнува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не дека детето се пожали некогаш, нему му беше битно да го наполни стомачето и ништо друго, а таа сакаше работите да тргнат на подобро и да се вратат во она друго време, кога можеа да избираат меѓу два вида паштетка или крем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)