кременачка ж.

кременачка (ж.)

Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. Не било така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие што имаа огнестрелно оружје ги прегледуваа кремењето, чарковите, капсите, штракаа по десетти или педесетти пат дали работат нозете и петлињата на кремењачките и капсалиите, а тие што носеа секири, балтии, коси, крклизи — го остреа своето ладно оружје со егиња и ги вртеа главите, секој сакајќи да не дојде до употреба на ова нивно „оружје".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)