кохеренција ж.

кохеренција (ж.)

Тоа се прави преку изведување на значење во нивото на свесност на тој начин што: ... верувањата и желбите на луѓето стануваат доволно кохерентни и добро организирани за да заслужат да бидат наречени животни определувања или „начини на живот“, и на таквата кохеренција се гледа како на „диспозиции“ кои ја карактеризираат индивидуата. (Bruner, 1990, стр. 39)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Холанд покажува како јазовите и стапиците отворени од овој атомистички индивидуализам создаваат внатрешни проблеми на кохеренција коишто се нерешливи во тие рамки (пр., Локовото некохерентно објаснување на супстанцијата, проблемот на солипсизмот, итн.) како и дека ги исклучуваат жените и го легитимираат ова исклучување на суптилни а понекогаш и на несуптилни начини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Советскиот Сојуз, Југославија и Либан, од друга страна, се земји без национална кохеренција и исто така се непостојани.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Освен пресудниот критериум, квалитетот на напишаното, т.е. уметничката кохеренција, важно ни беше да ја оцртаме токму комплексноста и, пак, различноста во писателските приоди кон тој кај нас недоволно развиен „жанр” на тнр. „урбана проза“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)