кохезија ж.

кохезија (ж.)

Од самиот почеток на обуката ми беше јасно дека дон Хуановото учење содржи внатрешна кохезија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кејџ искажува акутна свест за тоа, и неговиот краен напор е насочен кон пронаоѓање на патишта и создавање услови за поголема општествена кохезија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
23 Токму она што е надвор од заедницата (туѓото) служи за кохезија и зацврстување на заедницата како внатре.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Врз неа почиваше и кохезијата на Југославија, поради која можеби и не издржа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исчезнуваше верноста кон нив, макар што кохезијата на земјата почиваше на сега видливите утописки идеали.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Здружени цврсто како еврејско лоби до смрт ги држат своите удобни фотелји од младата радикална гарда која ја сметаат за опасна по нивната геријатриска кохезија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)