кори (несв.)

Но одеднаш Неда истрчува горе ко елен, народот гневно го кори: - „Ој, орачи, мажи, не тажете вие! - им вели ! слушајте што ви се збори!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но сал мечката ли, во сказната, човекот го кори: "Тепај ме, но не кажувај дека ми смрди здивот!"...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
9. Истата таа вечер, Лествичникот ме кореше и биеше во одајата негова, затоа што во друштво со Филозофот ме затекнал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Што сте се омацуриле, како мачки на дожд? - ги кори еден од епизодистите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не си кадарна ниту рожбата да си ја раснеш - ме кори - а молченката си ја преапувам долната усна, до крвта да потече си ја преапнувам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)