константен прид.

константен (прид.)

Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Или ве држи константно така што луѓето се изненадени од вашата издржливост, или вториот ефект е едноставно ништо, не може дури ни да ви се „дигне“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш мојот хипнотички поглед го меша со мислите и страстите: Константно и директно се џари, Нема потреба да се умилкува и додворува На својот слуга за бакнеж, Нему, кој е сопственик на ужасите, Кој ја познава матката на отровницата, Пегава и одрана со црно, На рѓосаната вага на амбрата, Неговиот гроб - Затегната направа за мачење што предизвикува тага На која тој лелека - лелека!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Би го спомнал германскиот уметник Ханс Хаке (добитник на наградата за национален павилјон на минатото Венециско биенале), кој го посветил својот опус на константно разоткривање на врската меѓу уметноста и капиталот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Животот не е константен: тој подлежи на промени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И додека и кај самите работници и кај пошироката јавност има јасно изградена свест дека работничките права константно се кршат, тоа е далеку од точно во поглед на намалувањето на работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На работниците, дури и за најбанални работи, им се пишуваат казни; тие константно се малтретирани од новиот менаџерски тим,2 а оние кои ќе се спротивстават веднаш се прераспределувани на полоши работни позиции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, со константна посветеност, сите досегашни влади без исклучок, и оние предводени од СДСМ и оние предводени од ВМРО ДПМНЕ, ги намалуваа работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уморни очи, скржави солзи, рамнодушни погледи и ладни чувства, како стареат луѓето се навикнуваат на рамнодушноста, стануваат кербери, фанариоти, чувстваат константна неудобност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нема да кажам ништо повеќе и ништо помалку, вечна каузалност се многуте прашања, а последицата константното барање одговор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Камилски овој турцизам од арапско потекло го наоѓаше во балканските јазици и многубројните дијалекти со речиси константна семантичка основа, но и со дополнителни значења коишто се надоврзуваа на основното, не можејќи да имаат таква функција во придружните значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко добро ја познаваше константната, но и променливата судбина на поимот кадија, за кој пред Климент Камилски сведочеше и со сето искуство на своето кадиско, односно судско минато.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)