колор (м.)

ЈАКОВ: Прочитав во списание репортажа за вашата семејна идила со колор фотографии.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ѕирка во мене одгоре, како да лежам во некој сандак, или во џиновски куфер, или на колор фотографијата на средната станица на шарениот журнал, добредојден да се скуси здодевното патување со празен воз.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Леле, што убава најдов!“ покажуваше Мими на фотос во колор - Бунец - отворен за најмладите зимувалци - дневниот пансион 400 денари.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А нашите другарчиња - треба да си искрен - многу се иницијативни, на пример, први покренаа изложба на домашни миленичиња, или изложба на икебани што сами ги изработуваат, за тоа минатата година имаше на еколошката страница, па дури и фотографија во колор - од натпреварот за најуспешна икебана.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И сликата во колор ни го дополнува текстот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стуткани меѓу Виена и Прага тие повеќе береа гајле како да дојдат до кредит за колор телевизор иако веќе им беше сосема извесно дека телевизорите постојано најавуваат само зла и несреќи и дека црно-белите само се заменуваат со зла и несреќи во боја.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)