колонски прид.

колонски (прид.)

Денес колонска вода се произведува во модерни фабрички простории, но постои едно правило: рецептот за производството да се чува во специјален сеф како тајна која може да ја дознае само наследникот на Фабрикантот и никој друг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Второто „К“ поврзано со колонска вода Во светот е позната познатата келнска колонска вода и затоа Келн, инаку град на индустријата и трговијата, во цела Европа и надвор од неа го носи знамето на „4771“, а покрај овој број задолжително стои натписот „Келнише васер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На куќичката каде што се произведувала колонската вода бил ставен бројот „4771“ по кој подоцна целата улица била обележана со овој број.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Молк! - му викна и му се доближи толку многу што Нумо почувствува мирис на евтина колонска вода и брилјантин.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му става колоњска вода.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Откако баба го избричи и го намириса со колонска вода, излеговме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Има нос со совршена форма, ни прчест ни кукаст, и кога ќе застане пред мојата машина чувствувам мирис на мистериозна колонска вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога им се допреа образите во поздравот, тој виде дека мазниот образ на човекот во костумот, светнат од колонска вода, го сече долга лузна, сѐ уште по малку црвена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко ја полеа по челото со лимонова колонска вода, од шишенцето кое Мајка го чуваше како вистинска амајлија, донесено од блиски Таткови роднини од Цариград, при нивните ретки посети.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, уште во младоста, кога се запознал со Мајка, ѝ беше дарил големо шише со лимонова колонска вода со која таа често се смируваше при големите потреси во нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
1. Драга Асенета, Вие можеби имате волшебни црни очи кои фрлаат мирисни погледи околу себе, можеби зад себе сеете скапоцени сенки и можеби мочкате колонска вода, како што рекла една писателка, но тоа нема да Ви помогне да станете јунакиња на оваа книга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)