колонија (ж.)

Него го употребуваше и МНЛД и Македонската колонија во Петроград, а во наше време го прифатија и истакнати слависти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, ако и ние се лажеме во претпоставката оти националниот сепаратизам ќе биде поддржан од комитетите, од Организацијата и од македонската интелигентна колонија во Бугарија, тогаш, и во таков случај, доста е една силна српска пропаганда во Македонија за да земе најголеми размери националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сум Черчил да ја изменам судбината на црнците по колониите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во сликарската колонија во „Монмартр“ има многу југословенски сликари кои живеат од продажба на свои слики на странци а најмногу на Американци и на Англичани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Темноцрнопурестите Алжирци и Тунижани и луѓе од други народности од некогашните француски колонии се вистинските господари на „Пигал“, од каде Французинот бега за да не му се прилепи срамен белег...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неколкуте мига што ги минав со младиот македонски сликар Лемо Димитровски поодблизу ме запозна со животот на сликарската колонија на малата плоштатка на „Монмартр“, која во моментот беше трансформирана во големо сликарско ателје под отворено небо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1625-та година кралот Џемс I, долго време главен опонент на тутунот, откако ја увиде неговата потенцијална економска важност, ја прифати неговата широка употреба воведувајќи мерки во регуларната трговија со тутун, во корист на британските американски колонии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Исто како што социјалната организација на мравјата колонија се одржува преку меѓусебна размена на плунката, така и кај нас, луѓето, нашата социјална организација се одржува преку меѓусебната размена на говорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колумбо, од друга страна, бил мошне неуспешен управувач со откриените колонии.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во целиот бран што ги следеше ослободувачките војни на колониите, сиромашните се бореа да се ослободат од богатите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И со бомбардираните места од кои прав од малтер се виореше во воздухот, а трње стрчеше над купиштата отпадоци; и со местата на кои бомбите беа расчистиле поголеми парцели и на кои никнеа сиротински колонии од дрвени живеалишта како кокошарници ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ете така некако, по таа линија, не знам дали директно од Франција или од некоја од нејзините поранешни колонии, тој паричник дојде во мои раце.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа беше неговото маало - Железничката колонија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Американка што пие вотка!“ се смееше типот. (Британците секогаш наоѓаат начин да се потсмеваат со својата поранешна колонија.)
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во секој случај, колку и да беше светот свртен наопаку, маестрото имаше одговор: - Колонијата има договор општината да ја снабдува со пристојно опстојување, од јагула до јаболко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Сојузничките армии, ѝ велел младиот хирург на својата убава Клементина, во Солун донесоа војници од своите колонии, од сите континенти, овде имаа претставници од дваесетина народи”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само Маре се осмели гласно да помисли: - Никогаш не би помислила, - ѝ се испушти, - дека затвореничка колонија може да стане уметничка колонија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе