колебливо (прил.)

Високиот се намурти и колебливо завлече рака во џебот на белите пантолони.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие едно по друго и колебливо станаа и полека тргнаа додека подолу не почнаа да трчаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Направи чекор, застана. Уште еден чекор. Подзастана. И пак продолжи. Колебливо. Смалаксано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еве, старечкиот глас колебливо, засипнато ја пробиваше вревата, закрепнуваше и во стишувањето на салата полека ги исфрлуваше познатите формули.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од прозорецот струеше зрачење, оскудно и колебливо, меѓу десниот раб од прозорецот и палмата откриваше тенок раб светлина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега, колебливо, несигурно, со триста недоверби, а сепак, секогаш сѐ подлабоко, тој успеваше да го сети како свој еден сосема нов поглед, еден нов клуч, со кој можеше да никне во сите тие прикриени текови под скаменетоста на она, што го знаеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа колебливо се насмевна, ја зеде тепсијата, се заблагодари и ја затвори вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Стоеше колебливо еден миг, правејќи несигурни движења со рацете, а јас во тој краток момент, со онолку прибраност колку што беше можно, успеав повторно да го навлечам фустанот на себе и да си ја вратам сигурноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе не му се седеше. Излезе и застана надвор колебливо. Кај да се оди?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подофицерот се задржа, постоја малку колебливо и си тргна надвор. По него излегоа војниците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас се насмевнав и колебливо занишав со главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше и мал правоаголен отвор на дното под екранот, и Боб колебливо зачекори накај тој отвор.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)