коб (ж.)

Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ми дојде на сон тешка како осамено заборавање, ко свето море и коб ми капна во речта нова како заљубување, убава како сеќавање тагата ми дојде ко будење на прастара мечта.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас сум вдовицата која над челадта свои бдее, па ни коп ме плаши ни болка од кобта, ни пустински ѕвер...та и тој ако ме проголта, жива ќе излезам од него, ке го распарчам одвнатре, децата да си ги спасам...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Опомени се: Зла е кобта на Врховниот а изгревот е ноќен.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Прокази! Ниту коб, ниту прослутие не ви помагаат, не верувам јас во вас?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа несреќа ја следела и мајката на мојот дечко, како по некоја проклета наследна коб.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)