коба (ж.)

И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Море ти си коба! Ти си чумино дете! - му свикаа некои од селаните обземени од жалта за своите умрени и од страв од болеста го зграпчија да го фрлат во варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Инаку зошто станал костреш без силни и игличести перки тој светец на опакоста и кобата што пуштал крв од туѓи жили, што колел туѓи волиња, што ловел малоумници за да бидат обесени?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој што не бил од малата легија носел во себе коба и подмолност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не заштитен Ме клукаат Врани И Гаврани коба Молк.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Низ оваа слика ние ќе му ја соопштиме на светот нашата мрачна коба и мачна прокоба.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)