кифла ж.

кифла (ж.)

Ја преполови кифличката и едната половинка ја даде на братчето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И Ли од Сингапур спие, личи на голема кифла - онака, на рогозина свиен.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Таа од првото ново брашно добиваше и колаче, мало бесквасно лебче, или пушталка, бесквасна кифла.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу ја сакам. Ќе ѝ купувам млеко и кифли. Ќе ѝ ги чистам нокширите.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Меѓу нив не можеше да се влече колата во која лежев понеподвижен и од кифла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Масата беше препуна со кифлици и литра со литра од Смрдевка. Нешо се слави, а појма неам шо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)