качен прид.
каца ж.

качен (прид.)

Го гледав како стои пред мене со расчекорени нозе и ми заприлега наеднаш на џинче, качено на дрво, та сега со пакосна наслада гледа одвисоко на сѐ што е големо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Горе, на изгорените ѕидишта од неговата куќа, со неколку мајстори, беше качен чичко Евто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СТЕВО: Остави ме ти мене на мира. И сите вие. На глава сте ми качени. Проклети селаништа!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Плаче, така во себеси, речиси липа, вели, и тоа липање го слушам како мјаукање на мачка, качена на снежен покрив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш го убија Давидета Недолетниот. Го виделе качен на едно дрво и му рекле: - Што правиш ти, таму? - Еда, ќе летам, му рекол Давиде Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кога се разденува, војничето пак прашува: - Кој ме газеше ноќеска, вели, кој беше качен на мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ранениците беа качени на магариња, сме залутале, се најдовме на едно ритче, пустите магариња се излизгаа од ритчето, зимно време, мраз, на глава на шија се истркалаа луѓето во едно долиште.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И не беа помалку изненадени кога ги видоа мажите како, качени на покривот на господарската живеалишна зграда, ги преуредуваат керамидите, како сами ги поправаат чардаците и ги кастрат роните дрвја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А јас, качена на бината, зборувам за претстојните борби, ,напред за обединета Македонија", гласот ми грми низ звучниците, ми се растура над цела Битола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, дека огнот качен, само штогоде да зборам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После видов дека држи пороже и води натоварено магаре на кое качено, завиткано во гуна, јаваше едно дете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Полковниците некаде одеа качени на коњите, а некаде пеш.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Штом едната свеќа ќе им догореше, од неа палеа друга, дотуриваа масло во масалчињата да не згаснат, во кандилата, и одеа по патот пеш или качени на коњи или магариња, или со чунови по езерото, штитејќи го од ветерчето светлото да не им згасне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во дворот видоа девојка качена на магаре и врзана во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се собрале околу дрвото на кое бил качен и го молеле да се симне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се сеќавам колку „кругови свртевме“. Пред очи ми се кошмареше, небаре сум качен на рингишпил.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе