качар м.

качар (м.)

По недовршената врвица по која лете се движеле помеѓу капини и камења нечии овци кон пасишта или поило, се враќал со младо стебло на рамо и со секира в рака стопанот на скршената кола, здрав и мускулест човек, селскиот качар Никифор Ганевски, инаку домазет во Кукулино, со муцка која, колку и да се гледа, не останува во сеќавање ни половина ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
во општиот викот се мешаат гласовите на: бозаџиите, шеќерџиите, лимунадџиите, леблебиџиите, симитчиите, салепчиите, опинчарите, качарите, јажарите, навланџиите, сарачите и разните други предмети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За она што не ќе можеме да платиме, ќе работиме. Качари сме, колари, казанџии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)