капитулација ж.

капитулација (ж.)

На 6 април Грција беше нападната и од Германија, а на 28 истиот месец грчката војска потпиша капитулација.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа ќе биде срамна капитулација.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
48 По капитулацијата на фашистичка Италија најголемиот дел од италијанските единици концентрирани во Западна Македонија биле разоружани од партизанските одреди на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По капитулацијата, Грција се нашла под контрола на италијанските вооружени сили.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сите преземени воено-политички мерки од страна на ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија, кон крајот на 1944 година го заокружувале процесот на формирање на македонската војска која капитулацијата на фашистичка Бугарија ја дочекала како респектирана воена сила од страна на сојузниците, а на политички план ја верифицирала дотогашната борба на македонскиот народ за формирање на држава како пиемонт за обединување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Рече дека му е драга бидејќи му е подарок од Словенецот Градник, роден во селата над Трст, кој пребегал во нашата војска уште пред капитулацијата на Италија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Храбро ќе минува крај разбеганите и разнебитени италијански војници за време нивната капитулација истата година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во текот на војната бродот ќе стане помошен крстосувач на италјанската воена морнарица, а по капитулацијата на Италија бродот во Трст ќе го преземат Германците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Разгорот на оруженото востание и приливот на нови борци по капитулацијата на Италија создале услови за формирање на покрупни воени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со капитулацијата на Кралството Југославија и на Грција и по повлекувањето од Крит во мај 1941 година, Британците немале ниту еден војник на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Капитулацијата на Бугарија отворила нова страница во известувањата на американскиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во неа биле опфатени, по хронолошки редослед, сите настани што се случувале на територијата на Југославија, од 27-мартовските настани, преку шестоаприлскиот напад и капитулацијата на Кралството Југославија, до прикажувањето на раководната улога на Комунистичката партија на Југославија во организирањето на НОД, како и неуспешните преговори со генералот Дража Михаиловиќ и почетокот на неговата соработка со силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)