искомплицира св.

искомплицира (св.)

- Е, баш ја искомплицира работата, мој Братиљубе, - му се подналутив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Всушност, таа ја искомплицира ситуацијата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Требаше и за велосипедот да им кажам, згрешив, сега уште повеќе може да се искомплицираат работите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Точно. Точно! Сигурно му рекол: Не смееш да го спомнуваш твоето име, братец, никако твоето име, оти тоа може да ги искомплицира работите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаев дека со Ема Ендековска ќе ми се искомплицира животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си мислев: „Што ли се случува сега во салата за операции“, „Ќе остане ли жив? Да не се искомплицираат работите?“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)