инхибиција ж.

инхибиција (ж.)

Позитивни искуства: прави да се чувствувате слободно, ги отстранува сите инхибиции, иако повеќето од луѓето уживаат во инсуларниот свет на халуцинации што го создава дрогата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Под дејството на психоделичните дроги се зголемува и се изострува концентрацијата за одредена задача, способноста за визуализација на проблемите во нивниот најширок контекст, се редуцираат инхибициите, се зголемува енергијата и одлучноста, а сето тоа му е неопходно на уметникот за време на творечкиот процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека алкохолот ги разврзува јазлите и ги кине инхибициите создавајќи ексцитации и добро расположение во друштвото, и привидно подигајќи ја душевната и телесната снага на опиениот, опиумот омамува многу посилно и ги отстранува непријатните впечатоци, предизвикува еуфорија, која стреми да се проживее во осаменост, потиснувајќи го истакнувањето на личноста“ (Flury).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, за младиот и неискусен маж, тие технички движења на љубовта дејствуваат застрашувачки и се еден вид инхибиција; и така, се случи – она што сите го бараат кај една жена, мене да ме одбие од неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)