инфаркт м.
инфарктен прид.

инфаркт (м.)

Констатираа инфаркт. Едвај се спаси жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога Кундера би го видел народот на Плоштад Македонија како одделува сопствени пари за да постави рекламни постери од поп-пејач (и по неговото трагично преминување), сигурно би добил инфаркт, па потоа сите би го тажеле заедно со починатиот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Имено, тој поради сериозни проблеми со 180 кардиоваскуларниот систем – запушени вени и преживеани два инфаркта на срце – беше на боледување во период од околу две години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)