инстинктивно прил.
инстинктивен прид.

инстинктивно (прил.)

Толку ѝ се намиле ова дете. А Крчо пак, инстинктивно ја почувствува оваа љубов на старата и само се умилкуваше околу неа како маче околу мало дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте се уплаши да не замине Стојан, како што му направи порано неколкупати, инстинктивно чувствувајќи дека не треба да има давање земање со овој „предавник" Стојан се зачуди кога го виде така весел и ја осети онаа пријатност од времето кога Крсте дружеше со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сето ова Митра се лутеше, ако не отворено, оно потајно се ладеше спрема него, а тој почна тоа инстинктивно да го чувствува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оти, токму од тој ограничен перспективен агол на човековите инстиктивни воени дела, токму од аголот на тие инстиктивно артикулирани настани и ситуации за време на патувањето, низ тие доживувања на јунаците од ова дело, низ резонансите кои ликовите ги рефлектираат без да се свесни за тоа, авторот ќе успее да отслика една цела епопеја на бедотија на Балканските војни...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И животното инстинктивно почувствува дека гостите се пријатели на стопанот и идат со добри намери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој инстинктивно осеќаше дека тука има трага од џелатите и треба да ја најде по секоја цена.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега се сеќавам дека инстинктивно ги избегнував приказните во кои се раскажуваше за лошите маќеи, за волшебното огледало, за Ивица и Марица, за Црното кравајче и Пепелашка...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Инстинктино, во мракот чувствуваше заштитеност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја гледа Милчо како го лиже сладоледот кој се црвенее, веројатно е од малина, па и тој инстинктивно подголтнува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Здогледувајќи го татка си во тој секојдневен амбиент, на светлината на сѐ уште неисчезнатиот ден, Наташа одеднаш инстинктивно сфати дека тоа е стварност а не „халуцинација“ и онака истоштена викна со сета сила што ѝ беше преостаната: -Татенце, татенце, што правиш?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Госпоѓа“ беше збор што Партијата не го одобруваше - очекуваше секој секому да се обраќа со „другар“ ( но со некои жени човек го употребуваше инстинктивно ).
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше, иако само инстинктивно, дека тие речиси воопшто не се интересираат што прави тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се чинеше дека знае инстинктивно кој ќе преживее, а кој ќе исчезне: иако не беше лесно да се утврди што е тоа што помага да се преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Детето инстинктивно, како да чувствуваше каква тага беше ја обзела неговата мајка, седеше кротко во нејзиниот скут. Тивко.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка беше инстинктивно против заминувањето кон Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ти си сосема луд“; одеднаш, Земанек инстинктивно ме турна, оти се слушна сирена на воз, многу блиску; веќе во следниот миг ние се тркалавме по насипот, и јас и Земанек, еден преку друг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Жена му Љуба, најпрвин како жена, инстиктивно почувствувала, а потоа и луѓе ѝ потврдиле, дека Никола во Цариград живее со друга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа секогаш, инстинктивно, беше свртена кон иднината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе