инвентивен прид.

инвентивен (прид.)

Во изведбата на Атомиумот е вложена фантастична инвентивност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нивниот сексуален живот стана толку возбудлив и инвентивен што зоологот сѐ повеќе задоцнуваше на работа додека наскоро сосем не престана да оди и даде отказ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Немам намера да ја омаловажам Деридината инвентивност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се поистоветувам кармички, зошто беше инвентивна и романтичарски слободоумна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, таа вистински инвентивна геј-култура ја снајде истата судбина што ја снајде идентитетски заснованата култура која се појави во истиот период, во смисла на тоа дека обете изгледа предизвикуваат кај геј-публиката слично чувство на здодевност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)