импозантен прид.

импозантен (прид.)

Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Особено на Будим, на чии височинки, над самиот Дунав, се наредиле импозантните стари зданија - црквата на прочуениот унгарски крал Иштван Матијаш, во чие подземје се наоѓа музеј, со најстари унгарски реликвии, со тврдината на аласите, која ја обиколува црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Импозантно и величествено, тоа се оцртува како сино око во кое се гледа одразот на преселните птици.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие меѓу себе, тој со себе.  Тука, му раскажуваше дедо му, пристанувале импозантни венецијански галии додека, од петнаесеттиот па до самиот крај на осумнаесеттиот век, јонскиот остров бил под власта на кралицата на Јадранот, на Неапол и на Фиренца, подоцна двапати потпаѓајќи под власта на Французите и на Англичаните, но и на Русите, за чудо, краткорочно и на Турците, за конечно во 1864 да се присоедини кон матицата Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Импознатно дефиле на фалш рифле фармерки, џишбоја тренерчиња, и шушкавец јакни необлечени од студентските денови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Споменикот со импозантни димензии и остар, предупредувачки облик што манифестира стремеж за моќ и доминација, каков што пред илјадници години го гледал митскиот Мојсеј во Рамзесовиот Египет, во оваа реалност, пресоздаден е на еден трет континент симболично поставен на просторот помеѓу три западни буржоаски идеала: Независноста, Уставноста и Праламентаризмот претставен во зградата на Конгресот поставена меѓу нив, на Капитол хил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За разлика од рекламите во весниците, телевизијата или на радио, каде што секогаш може да ја прескокнете страницата или да го смените каналот, луѓето во текот на нивниот секојдневен живот не можат да избегнат да гледаат билборд реклами поради нивната импозантна големина и поставеност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Глетката беше импозантна. Уште повеќе ги забави чекорите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се одбележуваа осумдесет години од првото доделување на импозантната статуетка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)