изнареди св.

изнареди (св.)

Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На островецот, во поширокиот манастирски двор, крај патот и секаде каде што нашле погодно место, изнаредени се тезгиња на разни прематари каде што може да се купи сѐ и сешто;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Значи, ја растоварија колата, лубениците ги изнаредија во тремот, а татко ти влегува дома со блажена насмевка после добро извршената работа и по двете или трите ракии што обично ќе ги испиеше на пазарот шетајќи по тезгите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Изнаредил стихови од три - четири песни александринци Нуне Волта, неколку катрени, три - четири сонети и уште неколку гајтани стихови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во ковчегот ги здипли и изнареди и деновите, и неделите, и годините и надежта. Убавата невестинска надеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Денот помина со свечен ручек подготвен со рацете и радоста на Пелагија, а попладнето, како повикани, се изнаредија Танаско со Пена, мајката Роса со Деспина, а приквечер Чана со Митра, ама без Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тодора донесе икончиња во куќата на Петрета и ги изнареди околу постелите на децата, ги учеше на молитви малечките и пред заспивање им читаше од Светото писмо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)