изгладни св.

изгладни (св.)

Изгладнело детето, нека јаде.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Бидејќи бевме изгладнети, сите тројца дремката ја совладавме и секој од нас почна да вади од торбите нешто за јадење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изгладне и тргна назад. Попат сретна кучка и двете застанаа, исплашени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие се должни да го спречат изгладнувањето до смрт на своите следбеници во доволно големи бројки што би можеле да бидат незгодни, и должни се да останат на истиот низок степен на воена техника како и нивните противници; но кога минимумот е еднаш веќе достигнат, можат да ја извртуваат стварноста како што сакаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред Револуцијата, тие биле подмолно угнетувани од капиталистите, биле изгладнувани и камшикувани, жените биле присилувани да работат во рудниците за јаглен ( жените, всушност, сѐ уште работеа во рудниците за јаглен ) децата биле продавани во фабриките на шестгодишна возраст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Ме изгладнувате со недели веќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)