злочин м.
злочинец м.

злочин (м.)

Албанецот, решија, злочинот да им го плати.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Над нив остануваат голите подадени прсти на гранките да го обвинуваат небото за тешкиот злочин. Дожд, дожд...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше мал непознат злочин.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За злочин извршен на правоверен мухамеданец, Толе беше веднаш затворен во прилепската апсана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пораката беше усна и гласеше: Се слуша дека Хилмипаша веќава бераети за сите оние востаници што немаат крвни злочини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите нејзини злочини беа возможни или невозможни без сведоци ни докази.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вистински го сожалувам дека изгубил поприлично време во обидите да ја сфати суштината на мојот злочин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Времето се лизга низ моите нежни години, а се плашам од минатото, од просторот и времето застанати во еден миг, а секој миг претворен во слика насликана на платното на очајот која секоја вечер ме враќа на местото на злочинот, обоено со агонијата на немоќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)