здолниште ср.

здолниште (ср.)

Арсо одеше по Глигор со закопани прсти во здолништето на неговото палто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
6. ЗА ОДОТ НЕЈЗИН СЕКОЈ АШИК СЕ ЧИНИ - небаре чекорот ѝ ѕвони и на внимание вика, но тука своето го чини и здолништето мини погледи, ко парички в џеб, во скутот што пика...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Полуостровот за сега ѝ е под мирисливото здолниште а заразата од раните не се шири и не достасува како болка до нејзата спокојна свест и до студената совест.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си го задига здолништето, огромни шараници и дури длабоки изгореници. Тоа е од машата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Винстон воздивна безгласно. Ја зеде повторно перодршката и напиша: „Таа се фрли на креветот, и брзо, без секаков увод, на најгруб, најужасен начин што може да се замисли, го крена здолништето. Јас...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луција се појави точно пред полноќ. Беше облечена во црвено здолниште со бели цветови и лесна кошула; косата ѝ беше собрана во опашка и очите ѝ сјаеа на еден особен начин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имам фустани и мини здолништа, ама што вреди кога немам идеални нозе за да ги носам. А, блузите! Џемперите! Маичките! Вистински бедни парталчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се качував по скалите и не се свртував; слушнав како станува, си го облекува здолништето, потем кошулата без копчиња.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што вреди што ми велат дека имам убави, долги и вити нозе како создадени за носење мини здолништа, кога моето огледало јасно и гласно кажува: „Бреза, твоите нозе се криви и немој случајно да си помислила да ги покажуваш”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А можеби човекот наишол на некое здолниште и се здушил до него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Сан Диего е она место каде што учителките на девојчињата им ги запрегнуваат здолништата за да проверат дали не носат лесно проодни гаќички...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го лижна леденото ванилино топче и во таа една или две секунди нејзиното свилено здолниште затрепери од допирот на незабележливото здивче ветер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По ѕидовите фотографии на сцени од филмот: Мерилин со дигнато здолниште.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како кога случајно немаше да забележам дека кројачката Бота ѝ го сошила здолништето за кое со денови раскажуваше толку многу.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како она, кога Катерина ќе го повлечеше патентот од здолништето. Самото ѝ паѓаше кај глуждовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе