зглавје ср.

зглавје (ср.)

Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
9. Дрско извлечен од својата канија зракот, тој бел меч на ноќниот полноглавец загледан во прозозрецот на станот бр 6, лежеше на сивото зглавје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако го најдам, ќе ви постелам бело зглавје за да се доспиете во главата на последниот од последните оџачари скопски, насмеана меѓу устите на покривите и последните снегулки на светлината, кои паѓаат во устите и веднаш се топат, како сладок панаѓурски памук на стапче.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Го понесе Париз како неменливо зглавје. Гласот на Коен кој доаѓаше секогаш од некое ќоше. Сите тие жени, исончани тераси, цвеќиња.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
За да не се соочи со темницата што надојде како набуена суводолица, Гого се покри преку глава и заспа на тврдото зглавје како заклан.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Будење на зглавјето на сонот и на чистата постела на проѕирното небо помеѓу приказните на ѕвездите (и сѐ ова дури и начкртано со палави движења на детска рака)...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас посегнав по зглавје од камен а каменот цврсто ме стопи во мигот...оградена со јад и болка...каменот го сомлев...го преплашив со мојот огромен страв...мајка му на Прличев можеше да ми позавиди...само да беше жива...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од туѓите соништа градам чудни гробници секој бел камен зглавје е на мртов сон.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навистина, што ги тера луѓето наеднаш да се пресвртат? Како извалкано зглавје?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)