затвора (несв.)

Ние, значи, просто си ги затвораме очите пред непријатната за нас реалност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекај, чедо, не брзај, земи збогум со сестра ти, таа нема да дојде со нас, не чини да ја затвораме куќава сама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Вратава од одајчето и портата да не ги затвораш, вака ќе останат дури до вечер.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Анѓеле, бате! со здравје!... (Пауза. Го затвора прозорецот и завртувајќи се ѝ одат очите во иконата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Антица ги затвора прозорците, ги спушта завесите и го намалува светлото до минимум.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Високите трски како ѕидови го затвораа од обете страни хоризонтот, само над нив високо и некаде длабоко напред се гледаше тесна лента сино прозрачно летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Слепиот ѕид ја затвораше тесната улица - гол како крајбрежна студена карпа на која налетуваат слаби лотки, управувани од бури и виори.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но не рече ништо. Отрча затворајќи ја вратата зад себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Умира Пецо и нарачува. Слушај, жено, кога ќе ги затворам очите, пушти ја мачката да ме рипне.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја приготвуваше кадијата за сите „неверници”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакаше да праша дали тој шеф во таа ноќ го посетил и дали се уверил дека не е тоа за што го сметаат кога пак не го затвораат во платнен оклоп, но ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само учителот Климент уште не го затвораше својот прозорец и не си беше прибран да се одмори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се слуша како влегува од соба в соба, како ги отвора и ги затвора вратите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Штом ќе се набереше и стежнеше во душата - густи превези му ги затвораа видиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Предвидов нешто друго. Можеби другпат.“ Се затвораше и учеше со некоја нејасна мака во утробата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неда ја затвора зад неа вратата и премалено се опира врз ѕидот, до самата врата.) МЛАДИЧОТ: (Дури сега крикнува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Ја затвора зад неа вратата и се враќа до Методи.) Како проверивте дали е мртов?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: (Ја затвора вратата зад себе и влегува во собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој пак се затвора во својот свет, полн со мисли и некакви несфатливи светлини од коишто сета негова душа празнично грее.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еве сега и градите му се свиваат и му се чини дека земјата се затвора во смртен стисок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе