застане св.

застане (св.)

Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да ја плаче лошата болештина од скршената нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Застанал зетот пред врата и сите сватови на коњи, наметнати со белите јапанџаци, на главите фесови тунузи преврзани со белите чалми, опкачени сите со пиштоли жолтомедни, а на нозете сите со скорни црвени.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тргнал една бразда, две, Божин во нивата и Силјан застанал на долниот крај кај нивата да им се пули на браздите што ги ора татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако е така, тогаш претполаганиот окупационен одред на чие гледиште ќе треба да застане?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
121. Националниот сепаратизам се должи на српски воспитаници идеалисти што работат под српска маска, а во душата своја се признаваат за Македонци; српските воспитаници, со своето образование во Србија, се образуваа во национален дух, наместо во национален индиферентизам во Бугарија, иако некои од нив целосно не престанаа да се викаат Бугари, но меѓу нив и Македонците со чисто бугарско образование и самите Бугари се отвори една голема пропаст: тие со своето образование застанаа на средината меѓу Бугарите и Србите, т.е. викајќи се по традиција Бугари, тие престанаа да се такви во својата душа: тие станаа Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие се расудувањата на Бугарите. Но ние, ако застанеме на самостојно македонско гледиште, ќе треба да го речеме следново: Бугарија со нејзиното русофилство не им направи никаква услуга ни на Русија ни на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
(Тргнува кон спалната и го здогледува оружјето до миндерот. Застанува.)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
(Застанува пред ѕидниот сат и, го гледа уплашено.) Леле, застанал! Тешко мене!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој е млад — мал, не чул, не видел, и ќе застане како теле во зелје. Не е вака?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (оди пак го поткрева капакот од куферчето и на Мара која му застанала над главата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се завртува, како занесена, кога ѝ паѓа в очи вратата потрчува, но пред неа застанува неможна, и, закрепувајќи се на вратата, ја спушта главата на рацете и липа од плачење). (ЗАВЕСА)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По нив се сватовите. Откако завршува песната, Василка оди и застанува пред младенците).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Во тоа време човеков си врвел по улицава наша и како што ме чул кај што пиштам, застанал под пенџерињава наши да чуе што станува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но, може ли да се случи навистина утре да биде невеста што ми се претскажа во руво невестинско? (застанува на местото кај што ја сонува и си ја претставува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој го милуе, го полни, оди кај прозорецот и застануе на готовс).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Тие застанаа двоумејќи се за час дали да тргнат натаму.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Лицето му пребледе. – Што ти е? – се сврте Беличот и застана.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече го изгледа зачудено и застана. – Каде ќе одиме? – Не прашај, туку брзај – нетрпеливо го потргна за рака Беличот. – Ќе ти кажам нешто.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Без да тропне влезе служителот и застана мирно. Гласник од боиште, ништо друго.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Застана пред мене со стиснати тупаници како да ќе ме нападне, со мака задржувајќи го солзите што му се нафатија по клепките. Ја стискаше со заби долната усна, очите му светкаа, беа однатре запалени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе