засенчи св.

засенчи (св.)

Таман Коте го палеше лулето со едно гламче извадено од огништето кога некој засенчи на прозорецот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но Толевата слава и смелите подвизи како да ја засенчуваа Организацијата, та кога се појави четата на Петре Ацев, брат на Гога, селаните ја пресретнаа со извесно сомнение, дури и подозрение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не малку пати, кога минуваше со козите крај ридот на Калето, козите бргу како по некој оживеан инстинкт што им го должеле сигурно на своите далечни диви козји предци неприкосновени господари на стрмните балкански планини се искачуваа по карпестите засенчени стрмнини на ридот до кои не можеше да стапи човечка нога...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оддеднаш фигурата на брат му, која лебдеше пред неговиот засенчен вид и нераспознатливост, стана реална, широкото и искрено лице со својата природна добрина и љубезност се појави од замаглената светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оп, нешто ми засенчи како црна дамка високо на небото над оваа планината наша.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Трепките ѝ ги засенчиле вцрвените образи.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Киро засенчи очи со раката и погледна надолу на кај Јамата, Рото, Баро и Полената. Лежат под облаци чад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпрвин таму пребледува небото, станува розово, црвено, набабрено со пурпур и чиниш одеднаш ќе потече црвенило и ќе ја облее засенчената страна на планината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)