закрцка св.

закрцка (св.)

Столот под неговиот сосед и сам залипа, закрцка, го покри неговото шмркање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Братче, нарачај и за мене. Под другиот закрцка расклатениот стол и го пресече баритонот. - Зошто, ти нем ли си?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Свињо“, рече, закрцка во коренот; тие што беа близу забележаа дека тукушто почнал да се разболува од жолтица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Под кожата песочно закрцка крвта и накостреши вепар. „Ракија и подвизи“, за`ржа. „Можеби тоа.“ „Се разбира“, не го сфати Мирон. „Ти си брат“, а тој почувствува нечиј поглед на тилот и се сврте.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Весело му закрцка под грло. Скокотливо. Се побара себеси во себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега не ја кривеше главата. Исчекуваше. Подот под еден од болничарите закрцка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И сепак во салата закрцкаа столовите и гласовите ја наполнија и грубо ја раздраа тишината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не потраја долго, гранките закрцкаа и на полјанката се појавија луѓе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Грозно закрцкаа буките во коријата отспротива.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А така и се случило. Не го донеле ни до половина кула и веќе закрцкало, коскената крепост се ниша.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вратата повторно закрцка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не ќе може, - се заниша ламбата од гласот на таванот и закрцка подот. – Не и не. Куќата само воздивна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Им даде ишарет на двајцата Турци што седеа дотогаш молчејќи, и кои рекоа на одење само „аирли олсун”, и прв се витоса низ порта како ветер, та портата се заниша и закрцка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
При отворањето, вратата закрцка. Побрзав да ја затворам пред налет на ветерот, во надеж дека ќе го предитрам истото упатство.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)