закачка ж.

закачка (ж.)

Јас сум, значи, нешто што го разбеснува овој глекав човек преку кого што сивото карирано палто виси како на закачка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На него како на закачка можеше да се обеси врска.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој добива увереност и сила и започнува да господари над потсмевките и закачките и тие папсуваат и најпосле сосема се смируваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тоа се пак стихови, нели? - се смирува Ана. - Се вика Смарагда, - вели сериозно тој, оставајќи ја без внимание нејзината закачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Да. Утре, тоа ќе бидат некои геометриски закачки и моторизиран пекол.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој не им одговараше на закачките, Седеше на своето место и како да беше нем и глув.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се прават прво закачки и потфрлања, некои дури и за сметка на самиот водник, некои доста успели, така што и Грнецот се потсмева; после се преминува кон дела, кон клавање сопка или слично, та водникот, што инаку великодушно мине преку шегите на своја сметка, мора да се сврти и да се кара: „Ајде доста!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во разговорите, Буле се истакнувал со своите закачки, местенки, а Андриќ со мудрите расудувања и уште помудрите реагирања на местенките на Буле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Понатаму, на другата страна од ѕидот, огледала на црвена платформа, со ситни закачки, наменети за женски чешли.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Нема да биде прифатено, спремено ја дочека Александар неговата закачка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По таа локална закачка, геј-прашањата почнаа да стануваат политичка опсесија во САД и прилично редовно беа во првите редови на националните вести.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)