зазвучи св.

зазвучи (св.)

Во иднина светла, во иднина нова, татковино наша и родино клета, штом овдека златни ќе зазвучат слова, во чудесни ружи ќе расцутиш сета.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Бездруго страшно романтично ќе ти зазвучат овие зборови а јас не можев да им избегам и веднаш, со првиот ред, да почнам да раскажувам за нешто друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред инвалидизираниот инструмент немаше микрофон, а два или три тона кои можеа да се извлечат од пианото ми зазвучија како предсмртни ропец на Луис Амстронг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе ти зазвучи чудно, но убедена сум дека и утре јас и ти ќе бидеме заедно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Како се снаоѓате со уличките? – сопствениот глас, сега откако девојките излегоа, а тој остана во возилото сам со возачот, му зазвучи претерано љубезно, наместено.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Во која смисла?“, сакав да ја прашам, но знам дека таквото прашање сигурно ќе ѝ зазвучи непристојно. Односно, ќе асоцира на секс.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Нека оди тој прв! - го препознав шепотот на тетка Олга, - и само да не си седнал кога мочаш, ќе те убијам! - тука шепотот на тетка ми одеднаш зазвуче како саскање на змија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)