жито ср.
житороден прид.

жито (ср.)

Натовари кола с жито, спрегна си волове, па си тргна в град на пазар жито да продава.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Беше ошел ти на пазар во Прилепа града да продадеш осмак жито, жито и пченица...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
После ќе има, ама не можеш да чекаш, ќе се пресуши житото и ќе испадне на нива... Што фајде?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На работа! На труд! Да прокопаме меко полињата родни афион, тутун, житце да родат благородни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Та се житце не зелени та се грозје не румени, та од пуста селска мака аир нема дур од века?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мразот копве, иде нова смена, пролет иде, нараснало жито, Вардар ќе набуја в пена, крај мој роден оживува питом...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Жетвар жнее, в поле клас се рони, солнце пече, зрее жито златно, бујна песна, низ полето ѕвони: „Дејди, Јано, дејди мила душо, дал' навезе Гоцевото знаме!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
План сеидбен, норма надфрлена, родно поле цело засеано, - алтан жито, вардарка пченица – весел народ - лице насмеано.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
И ете, уште на Петковден самиот тој отиде на панаѓур во Бешишта и пиша на рабош 10 товари жито, 18 овци, 22 јагниња, одделно што собра три лири и черек готови пари, толку зеде за брашно, волна, сланина што собра од селото за новиот манастир и го продаде тука в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та таа ќе има свој дом, таа ќе има свој маж кој секој ден ќе биде при неа, таа ќе има свое домаќинство, свои маски, волови, овци, кози, свои ниви, амбар со жито, каци со маст, сирење, сланина, та што ли не ќе има!?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Соѕида и авури за воловите и коњите, амбари за житото, оти веќе сите нивчиња околу манастирот вдовицата Трна му ги ариза на „сајбијата“ да и го стори дел Пецето, инаку ќе си остане и без него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некое време тој, кое од лакомост, а уште повеќе за да ги заплаши селаните, порачуваше да му се носи сѐ што ќе му паднеше наум: пари, волна, сирење, платно, алишта, жито...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еднаш на еден му ја запали племната, на друг му го испушти житото од амбарот во калта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сите десет души влегоа во темнината во Прилеп, секој сам со no едно магаре товарено борина, штици, чатми, маст, сирење, волна, жито.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие секоја година носеа таму со товари жито, брашно, грав, сол и други продукти за јадење, да им се најде во зол час, кој ете сега настапи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Нека е на помош света Богородица – благослови калуѓерот и си го затвори тефтерот, па божем некако загрижен за овие добри рисјани што дадоа олку жито за Богородица, запраша: – Е, што мислите да правите ако ве нападнат пак Агарјаните? – и си го кладе тефтерот во торбата со имињата на водачите на бунтот. – Што мислиме, ние рековме, оче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Летното сонце печеше... Житата зрееја... Јаболката почнаа да руменеат, а крушите да се жолтеат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Селаните одамна пожнаа, овршија и го прибраа житцето во амбарите, направени од букови делкани штици.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На враќање помина низ едно полско село, купи два кутла жито и го однесе во Крива Воденица да го сомеле.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе