жими изв.

жими (изв.)

ПОЦКО: А, колај работа за тоа, адет е овде. Ама ќе речеш Цигани сме, е, туку и рисјани сме, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кумството е најголема чест, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Толку бог дал, жими вера ти велам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАРА: (земајќи ја погачата). Што ти требаше, мори кума, да се арчиш, жими господа ти велам...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој ме погледна и не ја крена главата; потоа шмркна со малиот нос и развлече: - Ми се потсмеваш? - Не. Жими свети Никола.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти тоа со Пенчо... - Не, жими сѐ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така, таков оро ми се бендисува. Да сум помлад, жими вера, и јас би слегол да поиграм, Ама, ах!...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти не знаеш него, ќе видиш, ама селанец пак селанец, ќе нарачаш в село кој ќе видит тој Ѓуровчето, нека кажит здравоживо од мудурот, нека дојдит право кај мене, ич, жими вера, потамо не велам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жими вера, јас чудам на чорбаџи Ристе и заблазнувам оти вака погодил живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тате, жими мама, вистина ли е крив дедо?...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа рече: - Ако ми бидеш јатак – добро ќе ти биде, Жими вера.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Трчајте в село и што поскоро да ми се донесат парите, оти, жими вера, имам и друга работа. Ајде!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жими вера, што ќедер му направија тие пезевенци на падишахот наш, и таа е мала џеза за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Еве тоа имам ...лира и пол сѐ на сѐ!“ „Лажеш, чифутине!“ „Жими очи!“ Ножовите се иставаат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имат и ќе најдам, жими вера, ќе најдам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе вратам коњот, жими вера, ќе кршам коските. — И го позастана малку коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мене, жими вера, од некое време шубе да излезам сам надвор од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СТЕВО: Ништо не знаев. Со вас дознав. Жими сѐ најмило.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПОПОТ: Газда, жими вера, или сега или бога ми не знам кога ќе можам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе