дружељубив прид.

дружељубив (прид.)

Ако ви се сторил итрец – барајте го меѓу итрите; ако ви се сторил инаетчија – барајте го меѓу инаетчиите; ако ви се сторил шегаџија – меѓу шегаџиите; ако ви се сторил храбар, палавко или дружељубив – меѓу храбрите, палавите или дружељубивите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па, сепак, кои биле градишчани, ако морале да бидат уништени од Европејците, и ако односот на ковицата бил таков, дружељубив? Пријатели на Византија?! Еретици?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дружељубиви се, забавни, постојано насмеани, но и расеани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)