државјанство ср.

државјанство (ср.)

Не ми веруваат дека од 45 година немам државјанство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тој придојден, до земањето државјанство се плеткаше во политиката и емигрантската организација, но беше среќен кога се ослободи од неа, за конечно да се определи за старите заборавени источни ракописи, да ги толкува нивните тајни, да трага по нивните клучеви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кој да бара отпуст на државјанството во годините на неизвесната војна, кога брзо се уриваат старите граници, се поставуваат нови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Првин станавме политички емигранти, за потоа да се здобиеме со државјанството на новата земја, федералното и републичкото, за потоа да станеме припадници на малцинство, па на народност (поради тоа што имавме и матична татковина)!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го зеде неговото презиме. Зеде и германско државјанство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што ѝ требаше да земе туѓо државјанство?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За тогашните емигранти немаше трето решение: или да го примат овдешното државјанство, а тоа беше долг процес, или да заминат кон западна Европа, а потоа преку океаните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Маџирчето, братучедот од Битола, кој во Скопје по некаква потврда за да го ослободат од служење војска, исто така придодаде доста кон она што го собирам за Несреќни луѓе, ама исто така неговата потврда беше доказ дека веќе примил југословенско државјанство и најверојатно ќе му доделат и стан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се распаѓаше земјата на нашето ново државјанство, Југославија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На едно местото не можевме да останеме, нели сестро? зборува Пелагија, нам не ни е судено нови станови, не се запишавме за државјанство, како да ќе се врниме некогаш на дедови огништа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се создадоа пет нови држави, а ние повторно си го променивме државјанството станувајќи граѓани на Република Македонија, макар што со промената во државата си остана границата помеѓу нашата родна земја и земјата на новото државјанство. Повеќе не бевме емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Бидун“ е арапски термин за „безнационалност“ и се однесува на припадниците на одредени бедуински племиња во Кувајт и Бахреин на кои не им е дадено државјанство. 38
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Освен тоа, дури и статистиката на УНХЦР не вклучува категорија на лица без државјанство (само на ‘бегалци, азиланти, внатрешно раселени лица’ и ‘другите засегнати’), додека „лицата без државјанство може да се подведат под секоја од овие категории“. (ibid., p. 18). 37 време на Сталинизмот (и нивните потомци) се вратија во Украина, повеќето од нив по изминувањето на крајниот рок одреден со законот за државјанство; како и Естонија и Латвија кои одбија да ги признаат своите руски жители како апатриди, иако речиси и немаат граѓански права. 45 45 За повеќе примери, види United Nations High Commissioner for Refugees Evaluation and Policy Analysis Unit, “Evaluation of UNHCR’s role and activities in relation to statelessness”, EPAU/2001/09, July 2001, 11. 38 4.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
По дефиниција, лице без државјанство е она „кое не се смета 34 - конфликт на закони - трансфер на територија - закони за стапување во брак - административни практики - дискриминација - непостоење на регистрација при раѓање - одземање на државјанството од страна на државата - самоодрекување (кога лицето ја одбива заштитата од државата) - насилно раселување, особено кога е проследено со повторно исцртување на територијалните граници.39
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во чл. 3 се наведуваат основите по кои се забранува директна и индиректна дискриминација (пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор), а во чл.4 е дефинирана примената во областите кои овој закон ги покрива.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)