дребулија ж.

дребулија (ж.)

Но, меѓу сите овие шарени дребулии, најубав беше чоколадниот Дедо Мраз што децата го ставија под елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Беа полни со грав, леблебија, суво месо, пастрма, секакви дребулии и - со шишиња ракија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак потајно ме сопнуваа. Дури и на дребулии.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И земјата, заедно со ѕвездите, е дребулија на ставата на вселената, како што е и таа веселана ситно животно со некои свои смукалки закачена за друго, секако најголемо чудовиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Крвче помалку или повеќе, дребулија во споредба со губењето живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Улицата уште е пуста, продавачите на дребулии уште не ги распослале своите тезги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Азијански, пак, насочува на нешто спротивно, на прекумерност, многузначност, извештачено започнување со дребулии и итро, речито заобиколување на јадрото, субјективно, перспективистички свесно "лажно" прикажување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Објавувајќи ги двата памфлети: Дребулии за еден масакр (1937) и Училиште на лешеви (1938), Селин на некој начин им се приближи на фашистичките политички погледи и стекна голем број непријатели кои никогаш не му ја простија антисемитската жестокост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Посака да шета по улиците со неа, токму како што шетаат сега, но отворено и без страв да разговараат за обични работи и да купуваат дребулии за домаќинството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дојде време, о блажени, да ви преподадам и уште една дребулија: од раѓањето знак имам на грбот, нишан од Господа: мал црн крст.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот не им придаде значење на дребулиите по кои се разликуваа двата записа; беше пресреќен што се потврди дека записот е решен, оти двајца го беа прочитале исто, и оти проклетството засекогаш беше тргнато на страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Помеѓу другите дребулии што ги спомнав, мислам дека не заборавив на Катерина да ѝ порачам да наврати во нашата амбуланта по работното време, бидејќи ми се пожали дека е со впечаток оти насекаде по телото ѝ шетаат стоногалки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога велам дребулии со подеднаква сериозност мислам и на мечтаењата при отворени очи како и на другине што ви протрчале само низ градините на сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив дека сакаше да ми рече или поточно да ми појасни оти и таквите дребулии, какви што се пијавиците кои којзнае зошто решиле да не виреат во вакви води, како планинската, придонеле луѓето наеднаш да се почувствуваат среќни и да се однесуваат неконтролирано и палаво, како децата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога се обидов да го расчистам купот стари весници, хартии и разни дребулии од длабокиот внатрешен раб на прозорецот, на подот испадна една фотографија, извиткана од влагата што допирала однадвор: Борко, од времето кога се запознавме, веднаш по Војната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Заедно со ова трагикомично привидение низ мојата фантазија протрчуваа и оние други слики и дребулии што обично се јавуваат додека жените ни објаснуваат со какви тешкотии биле поврзани нивните подготовки за излегување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе