достиска св.

достиска (св.)

Овие двајца тешко достискуваа, а нему од тоа наеднаш му дојде да почне да ги пцуе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ово носите куќи, вели Мирковиќ и ја отпушта главата. Стиска и достиска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби затоа достиска да не ме каже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можев да достискам, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кутрата Оливера одвај достискала да не ѝ се роди детето в облаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)