допрати св.

допрати (св.)

СИМОН: Курво една. Кај ќе ме допратиш ти?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Најпосле Мајка појде кон границата. Татко ја допрати до прагот на куќата, со задржана тага во изразот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме допрати до прагот. Силно ме прегрна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бабата Перса и Мурџо ја допратуваа до влезот на дворот и таа веднаш ги забораваше, ама тие не се враќаа додека не се прелееја учениците од дворот во училниците.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ме допрати до главната излезна порта на која стоеја неколку војници наоружани со калашникови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме допрати до таксито и за последен пат изрази желба да преспие во мојата соба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакате амал, носач или сопатник кој ќе Ве допрати до Вашиот дом?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
При следното одење во кино Филип не чекаше пак иницијатива од мојата братучетка за да ме допрати до дома. Самиот ми пријде и ми се понуди.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И Мајка, која ги допрати до капијата не знаејќи што се случува, се смири кога Татко кусо ѝ рече дека брзо ќе се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)