долгогодишен прид.

долгогодишен (прид.)

132. Хрватот Ватрослав Јагиќ е еден од најголемите слависти воопшто во 19 и 20 век, долгогодишен професор по словенска филологија во Одеса, Берлин, Петербург и Виена, автор на многубројни славистички студии и изданија на стари словенски текстови и основач и издавач на славистичкото списание „Архив за словенска филологија” во Виена, како и на незавршената „Енциклопедија на словенската филологија”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
78. Познатиот српски политичар и државник и долгогодишен министер-претседател Никола Пашиќ (1845-1926) беше дипломатски претставник на Србија во Русија во 1893-1894 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каков нов и млад момок беше придодаден кон еден долгогодишен момок, и овој си ја зеде грижата да го оспособи Сталета за добар чифчија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го донесе една страчка, која беше, долгогодишен поштар во овој крај и разнесуваше пошта и вести.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се спушти славејот кон јасиката, која беше негова долгогодишна пријателка, да се одмори малку на нејзините гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А вечерта, на срецелото, со главите на другите домаќинства, по долги меѓусебни разговори и откако врз основа на долгогодишни искуства ќе ги утврдеа временските прилики, сигурно дека и ова лето нема да ги изненади со невреме, ја прогласуваа жетвата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За да се обезбеди од непредвидливите непријатности и опасности по психичкиот интегритет, тој дрогата ја зел во една болница, во присуство на неколкумина лекари, инаку негови долгогодишни пријатели и истомисленици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Личноста на Олдос Хаксли, филозоф и мистик по лично убедување, човек чиј вид сериозно бил оштетен со долгогодишнто неизлечиво очно заболување, била како создадена за мескалински визии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Укинување на забраната за користење дрога не би претставувало скок во непознато. Соединетите Држави имаат долгогодишно искуство со прописите во врска со алкохолот и тутунот, додека уживањето на кокаинот, марихуаната и опиумот било дозволено подолго од еден век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кејџовото влијание на Њујоршката сцена во педесетите години во која се разви уметноста на хепенингот, неговата активна улога во движењето Флуксус, долгогодишната соработка со Марс Канингем и неговиот балетски театар, се различните правци во истражувањето кои сведочат за ширењето и еластичноста на неговите обиди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ни праќаат дел од текстот: - Кејот „Сушица“ во центарот на градот, место да биде најуредено место, тој е еден од најголемите жртви на долгогодишната негрижа и ниска еколошка свест на кичевчани - место за депонирање смет на граѓаните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во долгогодишниот подготвителен период за востание, кој бил исполнет со чести судири со органите на власта, Македонската револуционерна организација не се служела со динамитни атентати и диверзии по градовите или по сообраќајните комуникации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во 1904 година, пролетта, султанот дал општа амнестија и сите оние што не биле осудени на долгогодишен затвор (околу 600 души) биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука беше и преостанатиот инвентар на нашето семејство во долгогодишниот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Морам, оти полека умирам во себе, и кога еден ден навистина ќе умрам, нема ни да почувствувам, оти одамна веќе јас нема да бидам јас, и некоја жена со која ќе одберам да се будам секое утро, веќе одамна нема да ја гледам како жена, ниту пак таа ќе може да ме спаси од тоа долгогодишно згаснување...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе