доилка ж.

доилка (ж.)

Треба како доилка да се ослободам од него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старец го крши надве лебот Во лебот мирис на млеко на доилка Легната среде јачменот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И само збираш зер во срцето, го полниш. Веќе не знаеме кога се пости, кога - мрсници, оти мрсно нема и за болаче. Доилките немаат млеко и ги одбиваат децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чемерен, разнебитен, размеѓен – вудвосани старци, вдовици од шест војни, раскостени жени што ги наткаса болест, самоглавнички, доилки и чеднички и меѓу нив мажи разнеможени и мажи роболепници на сопствениот страв.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можела, доколку не ги жалела слабите, трудните и доилките, да ја измори дури и манастирската маска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Опустува земјата како градите на мајките доилки. Тагуваат детства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имаше докажани научни тврдења дека млекото на козата, според својот состав, најблиско е до млекото на мајката - доилка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Промените, главно, се сведуваат на следново: а) одредбата која забрануваше работничка од областа на индустријата и градежништвото да може да се распореди на ноќна работа, ако работата во тоа време би ја оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа – во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден (чл. 71, ЗРО/03 – Пречистен текст) беше заменета со порестриктивна одредба, која сега забранува само вршење на подземни физички работи во рудниците од страна на жени (чл. 160, ЗРО/05); б) кај бременоста дојде до две позитивни промени – се воведе забрана работодавачот да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не му ги достави заради остварувањето на правата кои ѝ следуваат при бременост (чл. 163, ЗРО/05); а во т.н. постнатален период, односно една година по породувањето, се воведе и посебна дневна платена пауза, од час и половина, за доење на детето од страна на мајката -доилка (чл. 171, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Плимата доаѓа и си заминува секој ден - света обврска и е да му ги подзамива и разладува стопалата на Сан Педро Клавер, апостолот на Црнците, робот на робовите, кој сека недела ги дарува минувачите со бели каранфили и им намигнува на мајките доилки со разголени цицки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)