доверлив прид.
доверливо прил.

доверлив (прид.)

Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Сакам да ти кажам нешто. Потраја малку и праша, наеднаш доверлив и срдечен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ФЕЗЛИЕВ: Зошто? Нели сум и јас член на организацијава? Нејзин доверлив член?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо се беше претворил во согласност, доверлива и покорна согласност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Акцијата се одвива претпазливо и според планот: најпрво по роднини и доверливи луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некои, пак, со пријателска и строга доверливост му шепотеа на кметот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да си одиме, му вели гласно на Лазора Перуноски кој е старешина на сојовите кои живеат и работат на Имотот и негов доверлив човек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа го збуни, очекуваше да води доверлив разговор со некого од главите на домаќинството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некое време чекаат да се отвори портата и да ги прими внатре на Имотот, а потоа однатре, од зад портата, се слуша гласот на Васила Митрески, тој е втор доверлив Максимов човек на Имотот и дека е алипен на едната нога чувар е на сиот куќен имот Акиноски, па затоа единствен тој во овие погани времиња ги има во себе клучевите од сите имотски порти и визбите: Вие сте, господару, прашува Васил. Ние сме, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никифор знаеше колку е доверлив Цветан и не го делеше од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така се разнесе по куќите прикаска од безброј парчиња, без почеток и без крај, без смисла, како и обично што се случува во такви прилики, една доверливост што минува од човек на човек, за задграничната дејност на Марко Проказник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секретарот стана свесен за доверливоста на директивата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сепак се пишуваа строго доверливи извештаи врз основа на честите тајни доставки за антикласниот сојуз помеѓу Чанга и татко ми, за интелектуалецот и козарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Зборува смирено, напати со доверлив глас, излезен од линијата на инструкциите. Јас и натаму упорно молчам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие признаа дека шпионирале за непријателот (и тогаш, како и сега, непријател беше Евразија), дека проневериле државни пари, дека убиле разни доверливи партиски членови, дека правеле заговор против водството на Големиот Брат, што почнало долго пред да се случи Револуцијата, признаа акти на саботажа кои ја предизвикале смртта на стотици илјади луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вака, ем на доверлива мисија, со највисокото локално и републичко и партиско раководство, ем надвор од редовите на Партијата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Очите ѝ беа чудесно спокојни, длабоко доверливи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дали го рече тоа или само го погледна со топол доверлив поглед, та нему му се слушнаа тие утешни зборови што посакуваше да ги чуе...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ни стана мил, близок и доверлив. Затоа решивме тебе да ти се јавиме, да ти се исповедаме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе