диња ж.

диња (ж.)

Измисли бесмислица и тихо смеурење: месечари од цел свет, излупете го месецот како диња и загризете во него во името на вашето спокојство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јајца в кавез петел чува. Девет дињи оро водат, во шупелка тиква дува и морков на тапан чука.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Пливам по снегот, а нешто ми примирисува на диња, на кајсија, на варено овошје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и месечината да удреше во планински врв и да се распрснеше како фрлена диња на камен, не ќе се исплашев повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа започнуваа да работат, а тоа значеше дека тој доскокнува во предниот двор на секоја куќа и ги зема кантите со смет и ги донесува до камионот и ги исфрла од нив отпадоците и уште еднаш ги удира по металниот раб со што испаѓаат корките од портокали и корките од дињи и почнуваа да го исполнуваат празниот камион.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Иван Иванович секогаш му дава на секој од нив или ѓеврече, или парче од диња, или круша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сливи, вишни, црешни, секакви градинарски растенија, сончогледи, краставици, дињи, грашок и дури гумно и ковачница.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом само се наруча и излезе под покривот по кошула, веднаш ѝ наредува на Гапка да му донесе две дињи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ако треба“, всушност баш вака ми рече: „Ако треба ќе посадам бостан со дињи и со лубеници. И пченка ќе посеам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не беше израдувана од дињчето, веројатно немаше да биде ни од цвеќето, ќе ѝ се ококореа очите само со мирисот на кафето.  - Види што донесов - дигна едно рипче за опавче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Киоскот со цигари и весници е отворен, лебот е дојден од градот, а на пазарчето се продаваат домати како јаболчиња, распукани смокви, презреани краставици и модри патлиџани како дебели краставици, динчиња колку тупаници и калинки колку динчиња, прави пиперки како скротени риби и по некоја шарена лубеница долга како тиква за печење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги отфрли овие безобразни замисли и се задржува на една безопасна: ѝ го става дињчето под мишка, токму под носот - неговиот медовен мирис мора да ја разбуди со млечна насмевка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Опкружен си со бамји ко пиперки, целер ко диња, црн патлиџан ко тиква, малини ко јагоди, јагоди три у кило, лук ко цитрон, цитрон кило и пол...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И секогаш, како за инает, нешто ќе му се залепеше на мундирот: или парченце сено, или некакво конче; згора на тоа, тој поседуваше особена дарба – кога оди по улица, да стигне под некој прозорец токму во мигот кога низ него се исфрлаат најразлични гадотии, и поради тоа на својата шапка секогаш ќе понесеше корки од лубеница и диња и слични глупости.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дињата и сладоледот се кочан ладни“, ѝ велам јас, „а сега и грозје ќе извадам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)