дисперзиран прид.

дисперзиран (прид.)

Во насловот е концептот. Насловот го поетизира и уметнички го артикулира актот кој најчесто е резултат на една дисперзирана естетика и еклектична филозофија полна со контрадикторности.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Му пишуваше на тогашниот министер за култура на Франција, Жак Ланг, да ми биде овозможен двомесечен престој во познатиот француски преведувачки колеџ во Арл, сместен во еден средновековен замок кој некогаш служел како болница, дисперзиран дел од културниот простор Ван Гог.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Провинцијалец или руралец е личност која по секоја цена сака да студира у Скопје и покрај дисперзираните факултети у нивниот крај.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)